| четврток, 6 декември 2018 |

Локализиран пожарот што изби попладнево меѓу селата Богородица и Стојаково

Со брза интервенција на територијалната противпожарна единица од Гевгелија доцна попладнево беше локализиран пожарот кој изби на потегот меѓу селата Богородица и Стојаково, под ридот Рудине. Постои сомневање дека пожарот е предизвикан од сточари кои од тука минувале.

По избивањето, пожарот набргу ги зафатил земјоделските површини на териториите на општините Гевгелија и Богданци и блиската борова шума. Пожарникарите од Гевгелија брзо интервенирале и го ставиле огнот под контрола, а доцна попладнево е локализиран со што е оневозможено негово ширење кон селото Стојаково.

Истовремено избил пожар и во близина на автопатот кај селото Прдејци кој зафатил дел од крајпатните треви, но не ги зафатил лозовите насади на фирмата „Виторија грапс“.

Пожарот бил локализиран од пожарникарите и вработените на лозовата плантажа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top