| четврток, 6 декември 2018 |

А со Тања Милевска што ќе правиме, ќе ја исклучиме од МИА?

Што ќе правиме со дописничката Милевска, денес, кога претседателот на ЕПП ги демантира нејзините информации што ги донесува од Брисел? Дали Антоновски ќе ја „исклучи“ од МИА и ќе си поднесе оставка од морални причини и ќе се обиде да зачува ронка од кредибилитетот на агенцијата или ќе остане доследен на додворувачката политика и непрофесионалното спроведување партиски агенди и ќе остане уредник на агенцијата чиишто новинари ја лажат и дезинформираат јавноста и свират по грчки ноти?

Претседателот на Европската народна партија Жозеф Дол лично ги демантираше информациите кои ги изнесе дописничката на Македонската информативна агенција МИА од Брисел, Тања Милевска, дека ЕПП размислува ВМРО-ДПМНЕ би можела да биде исклучена од своето европско семејство доколку продоложи да се однесува неконструктивно кон Преспанскиот договор.

„Постојат јасни правила за исклучување на партијата од ЕПП: Член 9 од нашиот статут јасно наведува дека 7 партии членки од 5 различни држави мора да испратат барање до партиското претседателство за да се исклучи некоја партија. Ние секогаш ги почитуваме правилата, но сé уште не сме добиле такво барање“, напиша Дол на Твитер.

Претседателот на ЕПП лично ги демантираше дезинформациите за исклучување на ВМРО-ДПМНЕ

 

Јасна е намерата на Милевска, ќерка на новинарката Светлана Јовановска и внука на новинарот Борјан Јовановски, да ја продолжи семејната традиција на лажно информирање заплашување на македонската јавност со изолација ВМРО-ДПМНЕ, но она што останува нејасно е до кога МИА, национална информативна агенција, која се финансира од парите на граѓаните, ќе толерира лажно информирање и „недоразбирања“ како ова или како она од пред неколку недели, кога ја измени изјавата на премиерот Зоран Заев, дадена во Вашингтон, која не беше по грчки терк?

„ЕПП, Европската народна партија, е најголемата и највлијателната политичка група во Европската унија, во неа членуваат речиси сите демохристијански партии од земјите членки на ЕУ и земјите кандидати. Извори во оваа партија, велат дека однесувањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ предизвикала голем гнев кај највисоките челници на ЕПП“, пишува Милевска за МИА.

Милевска додава дека претседателот на ЕПП, Жозеф Дол, телефонски разговарал со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и на „крајно недипломатски и строг начин“ го предупредил Мицкски дека доколку ВМРО-ДПМНЕ не дозволи демократска дебата за усвојувањето на Преспанскиот договор, партијата „ќе мора целосно да ја сноси одговорноста за сите последици со кои ќе се соочи земјата“.

„Дипломатите во Брисел стравуваат дека без Преспанскиот договор, Македонија ќе биде изолирана, политички и економски и дека со соочува со сериозен ризик од демократско назадување. Челници на ЕПП му ставиле до знаење на Мицковски дека една од можните последици со кои се соочува ВМРО-ДПМНЕ е исклучување од редовите на нивното европско семејство“, пишува Милевска.

Втор црвен картон за националната новинска агенција

Пред помалку од еден месец новинската агенција МИА ги промени изјавите на премиерот Зоран Заев дадени во кусото интервју за МИА од Вашингтон по средбата со потпретседателот на САД Мајк Пенс, откако интервенирала Атина, објави грчкиот весник „Екатимерини“.

МИА ја тресе огромен скандал: Под притисок на Атина Заев си ги цензурира изјавите за МИА

Тогаш побаравме одговорност од директорот и главен и одговорен уредник на МИА, Драган Антоновски, но наместо одговорност, на каква што е обврзан, откако македонски медиуми ја објавија снимката со изјавата на Зоран Заев од Ваингтон, од Антоновски добивме одговор дека МИА корекцијата ја направи откако реагираа македонските медиуми“.

„Единствено што е точно е дека по увидените реакции во печатот за пренесеното интервју, е направена проверка на истото и е утврдено дека се направени погрешни интерпретации за што веднаш е направена корекција и истата коригирана изјава е дистрибуирана до јавноста“, стои во одговорот на МИА.

МИА го потврди цензурирањето, а го обвини „Катимерини“ дека лаже

Аршини за подобни и неподобни новинари 

Пред две недели дисциплинската комисија на државната информативна агенција (МИА) го суспендираше новинарот Цветин Чилиманов од неговото работно место. Новинарот е суспендиран поради реплика на социјалната мрежа „Твитер“.

Чилиманов имаше рок од три дена да се изјасни во врска со суспензијата, за потоа, откако ќе ги сослуша неговите аргументи, комисијата требаше да достави предлог до директорот на МИА, кој требаше да реши дали Чилиманов ќе добие отказ од работното место, ќе биде казнет, или нема да сноси последици.

Епилогот ни е познат – Чилиманов доби отказ од МИА.

Во исто време, и покрај експлицитниот говор на омраза кој го искажа претседателот на надзорниот одбор на компанијата Зоран Иванов, тој се уште е на функција. Иванов во фејсбук дебата истакна дека и покрај тоа што сака да е “легалист“ сега нема потреба да се почитува законот и граѓаните треба „за уши“ да се носат на референдумот.

Двојни и партиски аршини на МИА врз вработените – Чилиманов суспендиран, Иванов останува на функција

 

Што ќе правиме со дописничката Милевска, денес, кога претседателот на ЕПП ги демантира нејзините информации што ги донесува од Брисел?

Дали Антоновски ќе ја „исклучи“ од МИА и ќе си поднесе оставка од морални причини и ќе се обиде да зачува барем ронка од кредибилитетот на агенцијата или ќе остане доследен на додворувачката политика и непрофесионалното спроведување партиски агенди и ќе остане уредник на агенцијата чиишто новинари ја лажат и дезинформираат јавноста, играат „сиртаки по грчки ноти“ и „влечат за уши“ гласачи?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top