
Судскиот процес за настаните од 27 април, по вчерашниот турбулентен ден, денеска трае веќе 7 часа со мали паузи, а се очекува да продолжи до доцните вечерни часови. Околу пет часа само обвинителкта Вилма Рускоска го сослушувала загрозениот сведок. По кратка пауза можност за поставување прашања имале и адвокатите, но и можност за приговори кои судот им ги одбива, јавува Досие.мк.
Во судницата се присутни и петмина адвокти кои денес нивните колеги на шега ги нарекле „дупликат адвокати“. Тие се обезбедени за сите обвинети во случај повторно некој адвокат да замине или обвинетите како вчера да останат без адвокти. Еден од нив кога видел дека ниту еден од адвокатите не се откажува, побарал од судијата да си замине да не седи цел ден за џабе, но добил одговор дека вчера се согласил да работи и денес ќе си седи, а следното рочиште може да биде ослободен.
Заштитениот сведок изнел многу детали околу настаните од 27 април , повразни со настаните и дел од обвинетите, но бидејќи судењето е затворено за јавност повеќе детали законски не е дозволено да се изнесуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


