| четврток, 6 декември 2018 |

Тричковски се правда за заканите кои ги упатува: Моите текстови се високоестетизирана политичка проза

Моите текстови се високоестетизирана политичка проза, можам нескромно да кажам, и поезија, само будали и идиоти можат во таа метафорика и висока стилистика да бараат говор на омраза или закана. Второ, моите обраќања се однесуваат на највисоки претставници на власта и на политичкиот живот. Значи, не на обични луѓе и приватни личности, туку на индивидуи кои се одговорни за општите состојби во државата, па според тоа и за мојата ситуација како поединец. Тоа е – вака новинарот Бранко Тричковски ги оправдува своите закани упатени кон низа личности, меѓу кои претседателот Ѓорге Иванов, експремиерот Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски…

Тој се претставува како жртва на која постојано и се закануват, а тој со себе има „само едно перо, односно една тастатура, еден ајфон и еден таблет“

Тричсковски во својот статус на фејсбук во кој го искажува своето задоволство од одлуката на ОЈО да покрене обвинителен предлог против актерот Тони Михајловски кој упатил закана преку фејсбук кон него, заборава дека и тој се зкануваше кон новинар, на пример кон Васко Ефтов… Објаснување за ова нема.

Тој раскажува дека живеел во страв:
Кога ќе затропаа свраките по ронките од претходната ноќ на мојата тераса во Орешани, јас му викав на Мајло, бегај Мацико, низ онаа врата, идат емисарите по твојот газда.

 

Тони Михајловски за „Република“: Не сум повикал на убиство, метафорично реков…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top