| четврток, 6 декември 2018 |

За статусот на Михајловски од јуни утврдени фактите, за заканите на Тричковски стари и по 4 години се уште се утврдуваат

Основното јавно обвинителство успеа да ги прибави фактите и да поведе обвинение против актерот Тони Михајловски за наводни закани против новинарот Бранко Тричковски, упатени преку статус на фејсбук во јуни годинава. Денеска ОЈО излезе со информација дека обвинителниот предлог се товари за кривично дело – Загрозување на сигурноста од чл.144 ст.4 од Кривичниот законик.

„Обвинетиот се товари дека на 16.06.2017 година, по пат на информатички систем, се заканил дека ќе стори кривично дело за кое е пропишана казна затвор од 5 години или потешка казна. Заканите биле објавени во форма на коментар на неговиот профил на една социјална мрежа и биле насочени кон оштетено лице – новинар, при што обвинетиот повикал на физичка ликвидација и ја загрозил сигурноста на новинарот”, информираа од Обвинителството.

Говорот на омраза на Тричковски: Ако го убијам…

Република се обрати до Јавното обвинителство со барање до каде се предметите против Бранко Тричковски во кои тој повикува на убоиство на премиер, претседател, новинар, лидер на партија или директно се заканува кон истите лица. Исто така прашавме и до каде е предметот против Тричковски кога тој повикува на палење на Собрание, Влада, политичка партија. Заканите се упатени преку фејсбук, твитер, и колумни потпишани од Бранко Тричковски. Оттаму ни одговорија:

Обвинителството „собира материјали“ против Тричковски, повиците за ликвидација за Мицкоски и Иванов лебдат во воздухот (ВИДЕО)

 

„Во овој момент се однесува на конкретен настан и се однесува за тоа дело, што не ислучува било постапување на ОЈО за било каков друг настан доколку се утврдат елементи на друго сторено кривично дело“.

Кога прашавме зошто се потребни 4 години за прибирање факти за статус или колумна на Тричковски, кога во конкретниот случај против Михајловски 4 месеци се доволни за собирање факти, од Обвинителство посочија дека не можат да генерализираат и дека може да ни одговорат за секој случај поединечно. Република испрати барање до обвинителството. Се надеваме дека во текот на денот ќе добиеме одговор за конкретните случаи за кои испративме барање.

 

Михајловски обвинет за закани кон човекот што го „обеси“ Иванов на дрво и го „уби“ Груевски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top