На територијата на Република Македонија е детектиран азиски-тигрест комарец. Се врши мапирање на целата територија за да се утврди каде се е проширен овој комарец. Агенцијата спроведува дополнителни програми за евентуално утврдување дали овој комарец има пренесено болести кај животните, информираше на денешната прес-конференција директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, заедно со епидемиологот од Институтот за јавно здравје д-р Жарко Караџовски.
-Согласно резултатите што ги имаме добиено, потенцира Атанасов, нема потврда за постоење на такви болести и не постои таква опасност.
Според информациите на Агенцијата, информира тој, овој вид комарец прв пат е детектиран 2016 година само во реонот на Богданци, а оваа година е проширен во Дојран и повеќе општини во Скопје.
Појасни дека спецификата на комарецот е да се размножува и да живее на одредени температури и на одредена надморска височина.
– Мамките се поставени оваа година во речиси цела источна Македонија, и се продолжува во другиот дел од државата за да добиеме целосна слика за тоа дали е проширен и во другите краеви, рече Атанасов и додаде оти е формирана превентивна група во која меѓу другите членови се и тој и министерот за здравство Венко Филипче и на дневна основа се испитуваат сите информации.
Епидемиологот од Институтот за јавно здравје д-р Жарко Караџовски информира дека до денеска нема регистрирано никакви случаи на инфекција, ниту заболување од овој тип комарец во Република Македонија.
Напоменувајќи дека будно се следи состојбата во регионот и во околните држави, како што се Србија, Бугарија, Грција, Албанија и други, информира дека таму има регистрирано поголем број заболени лица, дури и смртни случаи.
Караџовски посочи дека симптоми од убод од тигрест комарец се црвенило на кожата, оток, слабост, малаксаност, главоболка, тегоби, повишена температура, но сепак, потенцира, не значи дека се работи за убод од овој комарец.
Превентива за населението при одење во шумски предели, во паркови, појасни е мачкање на сите откриени површини, како и бела облека за да може да се забележи комарецот ако е на вас.
– Не постои ризик од некои заболувања односно ризикот е безначаен, заради тоа што согласно временската прогноза ќе се залади, а таа температура воопшто не му одговара на комарецот за да може да се размножува. Се размножува во многу мало количествовода, дури и во чаша или тацна што се навадуваат цвеќиња, застоени гуми, води…. овој комарец го хибернира зимскиот период и станува активен од март па натаму, а најголема активност покажува јуни, јули и август, рече Караџовски.
Институтот, подвлече, бара во иднина секоја локална самоуправа да одвои дел од општинските буџети и да превенираат ДДД на водени, шумски и ливадски површини.
– Подготвени сме за вакви активности поврзани со климатските промени. Во 2012-2013 година издадена е брошура за поврзаноста на климатските промени со појавата на инфективните заболувања во РМ, како и безброј брошури за појавата на комарците, заштита од убод на комарец и од крлежи, информира меѓу другото епидемиологот од Институтот за јавно здравје д-р Жарко Караџовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст