| четврток, 6 декември 2018 |

Михајловски обвинет за закани кон човекот што го „обеси“ Иванов на дрво и го „уби“ Груевски

Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе обвинителен предлог против актерот Тони Михајловски, за упатени закани преку Фејсбук до новинарот Бранко Тричковски. И покрај бројните испади, повици за насилство, убивање и силување, ОЈО нема поведено постапка против Бранко Тричковски. Последен од низата ексцеси на поранешниот новинар, беше оној кога повика да се фрли во контејнер бебето на екс-министерката Гордана Јанкуловска.

Да се потсетиме на речникот на Тричковски на социјалните мрежи:

„Кил Миц

Можеби е најдобро Мицковски да се убие за секој случај: ако ги изневери вмроните, тоа ќе биде од корист за партијата, ако не ги изневери, тоа ќе биде од полза за Македонија!“

Болните умови на пропагандната машинерија на власта повикуваат за убиство на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски (ФОТО)

 

„Ќе го измочаме Хорхе како бубрежен камен

Луѓето имаат природно право да се качат на Водно и да го обесат на првиот лустер. Да го наденат на некое александриско копје и да го фиксираат во мозаикот на Чемерски. Покрај глупавите здрвености на неговите гардисти. Да го мумифицираат во позата на Лудакот од Паљурци. Да го наредат покрај некоја тараба како мало смешно Чаусешче и да го стрелаат. Без Маја. Молам. Тој не е политички противник, тој е медицински феномен во служба на една злосторничка политиката. Тој е лудак кој го забива својот нож во гумениот чамец на македонските бродоломници. Пред европската Лампедуза. Тој е смртта во изборот меѓу себе и животот. Тој не е политички избор. Тој е манијак кој ја злоупотребува нашата пристојност.
Тој е вмро-дпмне, вмро-дпмне е тој“.

Овие зборови на омраза и повик за ликвидација на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, а претходно и на претседателот на државата Ѓорге Иванов и притисокот од јавноста не се доволно за Јавното обвинителство кривично да го гони еден од најгласните поддржувачи на СДСМ, поранешниот новинар Бранко Тричковски.

Јавното обвинителство собира информации за дури потоа да одлучи дали има основа за кривично гонење на Тричковски за јавните повици за ликвидација на Мицкоски.

„Основното јавно обвинителство Скопје против истото лице постапува по претходно поднесена кривична пријава за закани против претседателот на Република Македонија изнесени во колумна во весникот „Слободен печат“. Надлежниот јавен обвинител, постапувајќи по таа пријава, истовремено ќе постапи и по последните написи објавени на неговиот Фејсбук профил. За таа цел веќе се работи на прибирање на сите потребни материјали. Доколку бидат утврдени елементи на сторено кривично дело, ќе биде донесена јавно обвинителска одлука за натамошниот тек на кривичната постапка“ велат од Јавното обвинителство за Алфа.

Повикот за ликвидација на претседателот Иванов, Тричковски го упати пред три месеци, но ОЈО се уште не прибрало доволно докази за да покрене обвинение за овој случај. Претходно истиот новинар на сличен начин се пресметуваше и со поранешниот премиер Никола Груевски, но тој случај воопшто и не бил земен во предвид за разгледување, коментира новинарот Драган Милосављевиќ од Алфа.

Во текстот тој додава дека Обвинителството меѓутоа, по допрен глас има оформено предмет во врска со написи и коментари по социјалните мрежи, а со кои се шират расистички и ксенофобични материјали. Објавените текстови во социјалните мрежи се насочени кон пожарот во близина на Атина, во кој има и човечки жртви. Отворен е и предмет по поднесена кривична пријава од Хелсиншки комитет за човекови права и ЛГБТИ Центар против две лица, затоа што во емисија изнесувале зборови кои потпаѓаат под говор на омраза. Јавно обвинителство наведува и неколку други случаи по кои постапува врз основа на допрен глас.

Заканите на Тричковски за убиство на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ досега ги осуди само Македонската асоцијација на новинари која побара од него да се оградат и редакциите во кои тој објавува текстови, додека другите новинарски здруженија молчат. Инаку редовните навредливи и заканувачки писанија на Тричковски јавноста ги коментира, од една страна како просто лечење на фрустрациите поради извесна интелектуална инфериорност и шоуменски обид за забавување на сеирџиски настроените сограѓани, но од друга страна и како еден вид пропагандистичка димна завеса за прикривање на крајно непопуларните потези на актуелна гарнитура на власт.

Ова за ЗНМ не беше закана или желба за мое убиство. Да, како „фина игра на зборови“, но суштината на напишаното е таа: Ќе се најделе добри луѓе кои ќе ме бутнеле во канал! И тие потоа ќе бидат среќни што мене ќе ме најдат во „канал“!!!, напиша Васко Ефтов на својот Фејсбук профил како коментар на статусот на Бранко Тричковски, кој му порачува да „не се секира, ќе се најде канал и за него“.

тричкоБранко Тричковски, новинар чија што агресија и говор на омраза против власта ги надминува сите граници, во својата последна колумна за порталот на Бранко Героски, Плусинфо „Нема решение со Груевски, туку само против Груевски!“ пишува: Се плашам дека нешто ќе мораме да запалиме и ние, дали ќе биде тоа Партискиот дом како во Бугарија (ние би добиле прекрасни контрасти на црниот дим врз белата мермерна подлога на новиот Партиски дом на вемерето), или Собранието, како во Белград, а можеби ќе биде нужно да се замачка малку и стиропорната белина на владината куќа, не знам, но тоа е тоа, браќа и сестри, кога ќе заглавиш во длабокото мораш да маваш со рацете и со нозете, да се обидуваш да пливаш и да не се жалиш ако некоја риба, како во вицот за Мујо и Хасо, ти влезе во газот!

Зошто Тричковски смета дека ова е решение на актуелната политичка состојба која што опозицијата упорно се обидува да ја наметне? Ваквите колумни кои редовно се објавуваат во сопствената медиумска машинерија на СДСМ, и покрај постојаните обвинувања за „недостаток на медиумска слобода“, се обид да се создаде вештачка дестабилизација на Македонија.

Оваа непопуларна и застарена политика  на делување јасно покажува дека зад ваквите демолирачки и деструктивни идеи по македонска нација нема одзив кај граѓаните. Уште помалку, никој нема да тргне по тој мост кој води само во провалија. На површина излегуваат само јасни партиски интереси. Народот ги увиде намерите на опозицијата во сите нејзини делувања кои се конфронтираат со идејата за напредок на државата.

Тричковски во својата колумна игра со многу чувствителни теми и ја потценува националната генетика и колективната меморија. Кој тоа може да се осмели да повикува на палење на партискиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, Собранието или Владата?

Овие нарачани текстови со јавни повици даваат чиста слика за целосната шизофренија на СДСМ, кој наместо демократија повикува на радикалност и насилство. Ова е уште еден во низата докази дека опозицијата во Македонија се впушти во борбата за власт без аргументи на своја страна. Решението за безизлезноста која сама ја создаде со сите сили и по секоја цена го гледа во сценариото за предизвикување разнебитување на македонското национално ткиво.

СДСМ и нејзините пера играат на картата на продуцирање вештачката криза. Токму Тричковски во својата колумна се надоврзува на сценариото кое залудно се обидува да го пласира Зоран Заев, сценарио зад кое стојат странски центри. Трагикомичен е обидот на опозицијата упорно да пласира информации дека нема демократија, а токму тие се први кои повикуваат на насилство, на палење, нетолеранција и агресивност. Колумните на перланиците како сапуница ги распрснуваат сите лаги на СДСМ, откривајќи ја вистината- дека Зоран Заев зад ова крие поголемо сценарио.

„Ако го убијам Груевски дали медиумите ќе известат дека Македонец убил лудак?“

Ова е само еден од многуте твитови на македонскиот новинар Бранко Тричковски во кои тој се служи со говор на омраза. Ќорава нација, и државата може да биде успешна ако остане без Македонци, не само ракометот…. пишува новинарот Тричковски. Тој во своите твитови и фб статуси постојано се служи со говор на омраза, со навреди и омаловажување на нацијата и на поединци.
Еве дел од твитовите на Тричковски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top