| четврток, 6 декември 2018 |

Операта „Боеми“ на 24 октомври на сцената на МОБ

Оперското ремек дело „Боеми“ од Џакомо Пучини ќе се прикаже на сцената на Македонската опера и балет  на 24 октомври (среда) со почеток во 20.00ч.

Приказната за животот на љубовниците Родолфо и Мими ќе се изведе под диригентската палка на Енрико Довико од Италија, во режија на Дејан Прошев.

Операта во четири чина, чие дејство се одвива во Париз кон крајот на 19 век, а чие либрето се базира на „Сцени од животот на боемите” на Хенри Мургер, доловена преку масивната сценографија на Зоран Николовски и колоритната костимографија на Марија Пупучевска. Публиката за миг ќе биде пренесена во париските поткровја каде неколку млади уметници и покрај сиромаштија и борејќи се за основните потреби на секојдневието (храна, огрев) живеат крепејќи се од идеалите и љубовта, а без скршена пара во џебот претендираат да живеат боемски. Настапуваат: Родолфо (Ѓорѓи Цуцковски), Мими (Сандра Митровскa), Марчело (Марјан Јованоски),  Шонар: Андреа Ѕаупа (Италија) Колин (Владимир Саздовски)  Мuзета (Билјана Јосифов), Беноа (Невен Силјановски), Алчиндор (Борко Биџовски),  Парпињол (Јане Дунимаглоски),  Граничар (Димитар Кожухаров), Офицер (Диме Петров).

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top