Поттикнати од забраната во телевизија Телма која им ја наметна главниот и одговорен уредник, Атанас Кировски, на вработените новинари на кои им забрани своите политички ставови да ги искажуваат на социјалните мрежи, Супер Радио Охрид напиша известување во свој стил.
Уредувачкиот тим им порачува на вработените дека можат кога сакаат, колку сакаат и каде сакаат да ги соопштуваат своите ставови.
-Вработените во Супер Радио се вработени во Супер Радио токму поради тоа што имаат свое мислење и личен став за одредени теми во јавноста, преку социјалните мрежи или медиуми. Тоа си се ваши лични ставови и да си соопштувате кога, каде и како сакате. Да сакавме да одгледуваме фикуси, ќе отворевме цвеќара. Од тие причини, фурајте си батиња, супер сте- пишува во известувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст