| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп: „Покахонтас“ е измамничка

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја нарече измамничка сенаторката Елизабет Ворен, која со ДНК-анализа докажа дека има индијанско потекло.

Трамп на својот профил на Твитер напиша дека е мал процентот со кој сенаторката го докажала нејзиното индијанско потекло.

Ворен е потенцијална кандидатка на демократите за претседателските избори во 2020 година. Поради нејзините тврдења дека има индијанско потекло, Трамп ја нарекуваше „лажната Покахонтас“.

Претседателот Трамп претходно понуди милион долари на која било добротворна организација, по избор на Ворен, ако со ДНК-тест го докаже нејзиното индијанско потекло.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top