| четврток, 6 декември 2018 |

Некои не го ни видоа: Се затвара комплексот „Македонско село“!

Од утре се затвора комплексот „Македонско село“, што се наоѓа во Нерези. Одлуката ја донел менаџментот на комплексот и истата ја соопшти преку социјалните мрежи.

-Ве информираме дека менаџментот на комплексот ‘Македонско Село’ донесе одлука за затворање на комплексот и истиот престанува да работи од 18.10.2018 (четврток). Ви благодариме за сите заеднички моменти, убави спомени и посети во изминатите години – пишува во постот на „Фејсбук“, објавен утринава.

Комплексот „Македонско село“ е инвестиција на Владата вредна 6,5 милиони евра. Изградбата чинеше 5.2 милиони евра, за внатрешно уредување беа потрошени 1.3 милиони евра, 24 илјади евра беа потрошени за електромобили кои служеа за пренесување на куферите на гостите во селото, 4 200 евра беа потрошени за патоказите и ознаките на комплексот, а 2 700 евра чинеа клупите и корпите за отпадоци.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top