| четврток, 6 декември 2018 |

„Л’екип“ и „Скај“ се мајтапат со поразот на Македонија, а некои портали се сомневаат дека мечот е наместен?!

Француски „Л“Екип“ и англискиот „Скај спорт“ се мајтапат со високиот пораз на фудбалската репрезентација на Македонија од Ерменија (0-4), а некои портали се сомневаат дека мечот наводно бил наместен.

Најдобрите македонски фудбалери беа високо поразени на гостувањето во Ереван, најмногу поради кикс-головите кои ги прими  нашиот чувар на мрежата, Столе Димитриевски.

Но, крајно шокантно, босанскиот „Спортспорт.ба“, пак, се појавува со, иако без никакви докази, со изненадувачки бомбастичен наслов:

„Македонците во центарот на потенцијално огромен скандал: Ако ова не е сомнително, тогаш што е?!“

Притоа, босанскиот спортски медиуми во својот текст потенцира:

„Изгледа УЕФА ќе има многу работа. И самиот резултат 4-0 ни делуваше неверојатно, но кога ги погледнавме снимките останавме шокирани… Македонскиот голман Столе Димитриевски (25) правеше такви грешки да е невозможно да не се посомневате во местенка, без било какви намери некого да обвиниме. Но, дека е сомнително, сомнително е!“ – пишува „Спортспорт.ба“, притоа со повикување на крајот да се погледнат головите од натпреварот во Ереван…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top