| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба „Еко не его Арт“

Изложбата „Еко не его Арт“ вечер ќе биде отворена во галеријата „Ко-Ра“ во Домот на градежници. Организатор е невладината организација „Human World – Center for Meditation and Holistic Learning“.

Учесници на изложбата се Сарита Конеска, Игор Љубовчевски, Гордана Винчиќ, Андријана Андреева, Хопс, Весна Петрушевска, Ања Илиева, Жаклина Димовска, Сали Ертунч, Глигор Кузмановски, Доротеј Нешовски, Викторија Попоска, Ѓорѓи Димовски и Воислав Стојановски.

Како што соопшти организаторот, она што 99 отсто од популацијата го набљудува како отпад, на изложбата ќе биде претставено како уметност, креација, свесност, екологија, одржливост, порака….

Со оваа изложба завршува еден циклус настани во рамки на проектот „Обуки за развој на бизнис мрежна уметност и општествена одговорност на поединецот во заедницата“, поддржан од Град Скопје, Сектор за локален економски развој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top