| четврток, 6 декември 2018 |

Топло време до недела, од понеделник пад на температурите и дожд

Стабилното и топло време ќе се задржи до недела, а од понеделник се најавува опаѓање на температурите за неколку степени.

Времето до крајот на оваа недела ќе се задржи суво, стабилно и релативно топло време. Утринската температура ќе се движи околу два, а дневната максимална до 28 степени.

Од понеделник, метеролозите најавуваат опаѓање на температурите за неколку степени, засилување на ветерот и врнежи од дожд.

Утринската ќе се движи од два до осум степени, а максималната дневна од 11 до 18 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top