| четврток, 6 декември 2018 |

Стаменковска: СДСМ преку списокот на говорници сака да купи време затоа што не може да обезбеди 2/3 мнозинство

Основната функција на пратеник во Собранието на Република Македонија е да дискутира, да држи говор, да аплицира, да држи контра реплики, потсети на Стаменковска при самото гостување на дебатата на дебатната емисија „24 Отворено“.

Стаменковска нагласи дека списокот на говорници е долг бидејќи СДСМ сака да купи време бидејќи знае дека нема да обезбеди 2/3 мнозинство.

До сега пратениците од СДСМ и коалицијата во овој состав, многу малку пати се одважи да дискутира во однос на одредени битни прашања. Можете да направите и споредба во однос на Комисиската расправа за уставни промени на која што само една пратеничка од СДСМ односно од НСДП во коалиција со СДСМ се одважи да се пријави да дискутира за време на Комисиската расправа, потенцираше Стаменковска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top