| четврток, 6 декември 2018 |

Се ветуваше бесплатно здравство, а за Детската клиника пак се бара сапун и постелнина

Детската клиника веќе подолго време е без антибактериски сапун, без медицински ракавици и други основни средства за хигиена. Родителите чии деца се сместени на Детската клиника велат дека вработените буквално импровизираат со цел да обезбедат нормални услови за болните деца.

-Вработените од Детската клиника ни велат сами да си купуваме антибактериски сапун, тоалетна хартија, ама и лекови, бидејќи на клиниката ги нема потребните, вели родител чие дете било извесно време на Клиниката.

Неодамна тие забележале и дека има сомнителен антибактериски сапун кој се користел во Детската клиника. Тој антибактериски сапун нема оргинална декларација, се забележува дека има печатена декларација. Во кампањата за референдумот пак министерот за здравство, Венко Филипче, како и владата се расфрлаа со ветувања за бесплатно здравство кога земјава ќе влезе во Европската унија.

Во меѓувреме пак родители се жалат, а Клиниката пак бара и добива постелнина со донации.

Извор: Здравство

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top