| четврток, 6 декември 2018 |

За Павле Богоевски Македонците кои се надвор од земјава се неспособни


Пратеникот од СДСМ, Павле Богоевски, со исповед за својот живот им се обрати денеска на пратениците од опозицијата во Собранието, убедувајќи ги да гласаат за отворање на уставот и за уставни измени, како би се подобрила општествената клима во државата. Како што рече Богоевски, тој се смета за дел од промашената македонска генерација.

Кога бев во основно и во средно со задовлство ги слушав постарите како зборуваат за деновите поминати во Југославија. Јас немам со ништо да се пофалам до сега. Имам сеќавање за чекање и ништо повеќе. Уште како дете знаев дека чекам некаде да не примат. Моите другари и другарки, најголем дел од нив се отселија, додека оние што останаа се уште чекаат. Во моето одделени од средно бевме 31 ученик, минатата година славевме 13 години од матура. Се собравме сите кои бевме во Македонија. Знаете колку бевме? Само тринесет. Од 31 останавме 13-мина да се обидеме тука да направиме живот – рече Богоевски.

Тој рече од собраниската говорница дека планирал да се отсели од Македонија, но се предомислил.

-Си реков не ја бива државата, ќе се обидам и јас. Барав опции да се иселам. Најдов физичка работа за плата неколку пати поголема од платата што тука би ја добива од најголемите мои амбиции. Со тешко срце одлучив да не си отидам, така ќе требаше да си признаам на себе дека сум неспособен да изградам живот за мене во оваа држава – рече тој.

Дали Богоевски ги смета за неспособни сите оние кои се отселиле д земјава од ваква или онаква причина?! Според неговата логика сите што живеат, студираат, работат надвор од државата се неспособни, а само тој е способен со ксмет, па влегол во Парламентот. Откако тој ги навреди сите што се надвор од границите на земјава, продолжи со својата теза дека секој грѓанин е одговорен да даде се од себе да ја направи државата место со услови за достоинствен живот.

Според него одлуката на референдумот не беше донесена, не било одлучено ниту за, рече, ниту против. На пратениците, додаде, останува обврската да ја донесат таа обврска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top