Димитар Грабул игра одлично во последно време и за неполн месец скокна дури за 1.200 позиции на светската тениска ранг-листа. Успехот во Белгија и освојувањето на турнирот од фјучрс-серијата во Де Хан му го донесе првиот трофеј во кариерата на 31-годишниот тенисер, а скокот на листата на АТП е извонреден. Со рекордни за него 27 поени, Грабул е на 706. позиција, што го прави најдоброрангираниот македонски тенисер во моментов.
Патем, сегашната позиција ќе му овозможи да ги избегне квалификациите на следниот турнир, што повторно ќе го игра во Белгија, каде што и живее. Зад Грабул со 8 поени е Томислав Јотовски на 1.065 место, a по нив следуваат Шендрит Деари со 3 поени и Данил Зеленков и Стефан Мицов со по еден поен. Лидер е Новак Ѓоковиќ со 12.310 поени, пред Енди Мареј, Давид Ферер, Рафаел Надал и Роже Федерер, кој ја затвора топ 5 листата, со најслабиот пласман во последните 10 години.
Во женска конкуренција на листата на ВТА фигурира само една македонска тенисерка, а честа да биде рангирана ја има тинејџерката Лина Ѓорчевска. Таа забележи скок од 724 место на 705. позиција, а има 29 поени. На врвот нема промени, а лидер е Серена Вилијамс, пред Марија Шарапова, Викторија Азаренка, Агњешка Радвањска и На Ли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст