| четврток, 6 декември 2018 |

Автомобилот на српската водителка експлодирал денеска во Белград, настрадал нејзиниот татко (фото)

Во центарот на Белград денеска експлодирал автомобилот на српската водителка Маријана Мичиќ. Во експлозијата повреден бил нејзинот татко, кој веднаш бил пренесен во болница.

Во полицијата во 13.30 било пријавено дека на улицата Војвода Степа кај бројот 414, дошло до експлозија на возило „Голф“ 4, во кое најверојатно била подметната експлозивна направа.

Шеесет годишниот татко на Мичиќ се здобил со повреди, кои за среќа не биле животнозагорзувачки. На терен веднаш излегле и пожарникарите, а според пишувањата на медиумите од соседството, колата која е на име на водителката, денеска ја земал нејзиниот татко.

Од Телеграф.рс се обиделе да стапат во контакт со Мичиќ, но таа била вознемирена и само кратко им одговорила дека брза и не може да зборува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top