Адријана Поп Арсова, членка на атлетскиот клуб Делта, истрча нов македонски рекорд во маратон, откако викендов во холандскиот град Ајндховен ја помина делницата од 42 километри за време од 3:00:46 часа. Со овој резултат, Поп Арсова беше десетта во женска конкуренција, заостанувајќи половина час зад најбрзата, Нина Лауверт од Белгија.
„Немав големи потешкотии во текот на трката, освен што првите 21 километар ги поминав пребрзо, па имав мала криза на 25 километри. Искрено, мислам дека крајниот резултат ќе беше и подобар да не се случеше тоа. Но, тоа е искуство плус за мене за следниот маратон, задоволна сум и со ова остварување. Маратонот е мојата омилена дисциплина токму поради тежината и неизвесноста. Во следниот период малку ќе одморам, па потоа ќе планирам кој ќе биде мојот следен маратон, на кој ќе се обидам и да се симнам под границата од три часа“, изјави 28-годишната Поп Арсова.
И досегашниот рекорд, од 3:05:04 часа, беше во нејзина сопственост, а го постави на годинашниот Скопски маратон, кога ја освои бронзата во женска конкуренција. Таа исто така ги држи македонските рекорди во полумаратон и на десет километри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст