| четврток, 6 декември 2018 |

Кривична за штипјанец: И го скинал гласачкото ливче на сопругата на референдумот

СВР Штип поднесе кривична пријава против Џ.Д. (64) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на слободата на определување на избирачите“.

На референдумот на гласачко место во основното училиште „Димитар Влахов“ во Штип, пријавениот откако го остварил неговото право на глас, во присуство на членови на избирачката комисијата, го зел гласачкото ливче од неговата сопруга Ф.Д. и го скинал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top