| четврток, 6 декември 2018 |

Пратеникот Сашо Василевски излегува од куќен притвор со гаранција

На пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Василевски, кој е обвинет во настаните од 27 април му се укинува мерката куќен притвор и тој ќе се брани од слобода со гаранција од околу 400.000 евра, објавува „Телевизија 24“. Неофицијално, одлуката е донесена денеска, а Обвинителството нема да поднесе жалба на оваа одлука и нема да бара продолжување на мерката куќен притвор.

Адвокатот на пратеникот Василевски, Александар Новаковски вели дека решението за ослободување од Кривичниот совет се уште не го добиле, но дека претходно поднеле жалба и барале ослободување со гаранцијата.

Василевски, кој моментно е на судење во Кривичен суд, не сакаше да коментира ништо поврзано со неговата мерка, ниту, пак, со случувањата во Собрание денеска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top