| четврток, 6 декември 2018 |

Направиле сообраќајка, па во болница се степале за тоа кој треба да ја плати штетата

 

Неколку лица кои во саботата во Скопје учествувале во сообраќајна незгода, предизвикале проблем во болница каде побарале лекарска помош поради повредите. Во болницата вербална расправија прераснала во физичка пресметка, по што обезбедувањето морало да интервенира.

Тепачката настанала кога неколку лица кои биле учесници во сообраќајка започнале расправија околу надоместок за предизвикана штета. о болницата, место на преглед, лицата продолжиле со вербална која во еден момент прераснала во физичка пресметка.

По укажаната медицинска помош, лицата ја напуштиле болницата.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top