| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерлигашка трка за Един Џеко

Иако има полни 32 години, босанскиот напаѓач Един Џеко се уште е желба на неколку тимови од Премиер лигата. Како што објавува „Мирор“,  Саутемптон, Кристал Палас и Ватфорд сериозно се заинтересирани за првиот напаѓач на Рома и ќе се обидат да го ангажираат во зимскиот преоден рок.

Сепак, ова нема да биде лесна задача за премиерлигашите кои доколку Рома ја мине групата во Лигата на шампионите, Босанецот ќе има мотив плус за да остане во Рим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top