| четврток, 6 декември 2018 |

Руската православна црква ги прекина сите врски со Цариградската патријаршија

Руската православна црква ги прекина сите врски со Вселенската патријаршија во Истанбул, откако таа пред неколку дена ја призна независноста на Украинската православна црква од Москва, предизвикувајќи го најголемиот раскол во христијанството во последните илјада години.

– Немавме друг избор освен да ги прекинеме сите врски со Цариградската патријаршија. Признавањето на независноста на Украинската православна црква е спротивно на сите историски вистини, изјави митрополитот Иларион, кој е на чело на Руската православна црква.

Цариград досега одбиваше да ја признае независноста на Украинската црква, но го смени мислењето минатата недела. Претседателот на Украина, Петро Порошенко, кажа дека оваа одлука е во согласност со украинската независност.

– Тоа е прашање на украинската национална безбедност, тоа е прашање на украинската државност, изјави Порошенко по тој повод.

Русија се надева дека Цариград ќе ја поништи оваа одлука, со цел да се избегне дефинитивен раскол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top