Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека му е познато оти „некои западни сили го прислушуваат државниот врв на Србија“. Тој додаде дека тоа воопшто не го вознемирува, бидејќи власта нема што да крие од народот.
– Сите разговори ги водам во својот кабинет. Немам страв од тоа, бидејќи не криеме од никого. Србија не води двојна политика. Предноста е во тоа што се за што зборуваме го кажуваме и јавно, изјави Дачиќ за српски „Телеграф“.
Тој, сепак, оцени дека шпионирањето е голем и сериозен проблем со кој службите за безбедност треба „сериозно да се занимаваат“.
Весникот вчера објави дека претседателот на Србија, премиерката Ана Брнабиќ и сите министри се „цел на разузнавачи на НАТО во акција Матрикс 2“, но и дека „оперативци на БИА навреме разоткриле такви намери на Западната алијанса“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст