| четврток, 6 декември 2018 |

Коѕијас: Без Договорот од Преспа не постои решение

Без прифаќање на Договорот од Преспа не постои никакво решение, порача шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас по состанокот на Советот за надворешни прашања на ЕУ во Луксембург и додаде дека дури и со едноставна математика од основно училиште не е можно да се постигне подобар договор за секоја страна, „како што тврдат опозициите во двете земји“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Коѕијас рече дека вчерашниот состанок започнал со прашањата поврзани со Македонија.

– Објаснив дека треба да биде сфатено во Скопје дека не постои никакво решение без прифаќање на Договорот од Преспа и дека не е можно да се случи она што го велат двете опозиции во Грција и во ПЈРМ, дека можат да обезбедат еден подобар договор, за секоја страна, бидејќи ова не е изводливо дури и со едноставна аритметика од основно училиште, рече шефот на грчката дипломатија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top