| четврток, 6 декември 2018 |

Данев: Ја прифаќам подадената рака за национално помирување, но нема да гласам за уставни измени

Координаторот на претеничката група на ВМРО–ДПМНЕ, Драган Данев, во своето обраќање на денешната седница за уставни измени, се осврна на предлогот на Заев за национално помирување.

-Ја ценам вашата подадена рака за национално помирување, но како пратеник кој дал заклетва дека ќе го штити Уставот немам можност ни волја да гласам за уставни измени. Не сакам никој од овој процес да излезе како предавник или патриот, но треба да се почитува волјата на граѓаните, референдумот не беше успешен, рече Данев.

Данев воедно и констатираше дека консензус се бара со задоцнување.

-Решивте ова национално прашање да го решавате сами. Ја прифаќаме критиката дека сме можеле за десет години ние да го решиме. Но, зошто не баравте консензус пред да се потпише договорот, праша координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев.

Координаторот на претеничката група на ВМРО – ДПМНЕ воедно појасни и дека за ова прашање се изјаснил народот и нема потреба од политички договори.

-Кога бев избран за пратеник, бев свесен за можноста да се определиме за некаков договор со Грција, и тогаш бев убеден дека не може 120 луѓе да одлучуваат во име на 2 милиони граѓани. Какво и да е решението, знаев дека тоа мора на референдум, а јас како пратеник да ја почитувам волјата на граѓаните. Уставот не препознава консултативен референдум. Одлуката на ДИК за референдумот е дека не е усвоена одлуката, бидејќи нема цензус, додаде Данев

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top