| четврток, 6 декември 2018 |

Мухиќ се пишмани: Ќе гласам „ЗА” промена на уставното име

Пратеникот Ферид Мухиќ, кој константно се противеше на Договорот од Преспа, подпадна под притисоците и истакна дека ќе гласа „ЗА” промена на уставното име на државата.

Тој во својот говор пред пратениците кажа дека Договорот е лош, но дека подобар не може да има.

Констатира дека референдумот не успеа, но според него Договорот носи многу позитивни работи.

Мухиќ рече дека сме немале правна основа да го одбиваме Договорот.

„Ја сменивме капата, но не ја сменивме главата”, рече Мухиќ и кажа дека ќе гласа „ЗА”.

Инаку претходно Мухиќ недвосмислено беше против овој наметнат договор.

„Ова е флагрантно мешање во внатрешните работи на една суверена држава. Повелбата на ООН и меѓународното право експлицитно потврдуваат дека некои нешта никако не може една држава да ги бара од друга. Со оваа спогодба, правото на самопределување му се ускратува на цел еден народ и на една суверена држава. Со оваа спогодба испаѓа дека сме украле нешто туѓо, сме фатени во кражба и сега му го враќаме тоа на вистинскиот сопственик“, велеше пратеникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top