| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе дојде ли манекенка на местото на Шилегов во скопската фотелја?!

Првата Мис на Македонија и една од најубавите жени на домашен терен, Вера Мештеровиќ, во интервју за скопскоехо.мк открила што би променила во Скопје доколку би била градоначалничка. Еве кои според мисиците се најголемите проблеми во македонската метропола:

1. Грижа за питачите

И јас сум дел од оние бројни скопски возачи на кои им е непријатно кога некој питач му се доближува до автомобилот со испружената рака која бара пари како помош. Не навлегувам во тоа дали е ова некој организиран синџир туку тргнувам од тоа дека овој проблем треба да се среди во градот оти создава грд впечаток. Прашање е и кога некој може да биде повреден од невнимание. Веднаш би се заложила да се најде некаков работен ангажман за нив, за некои општествено корисни работи од кои би и заработувале. Така би било подобро оти вака навистина не е убава глетка.

2. Кружни текови

Насекаде каде што тоа просторот и сообраќајниците го дозволуваат би градела кружни текови. Нивните предности е голем, а за град кој што е задушен во сообраќајот, макар и најмало „отпушување” на некоја сообраќајна артерија ќе биде добредојдено. Досега се направени неколку кружни текови и тие олеснија одвивање на сообраќајот на местата каде имаше големи застои. Таквите градби треба да се шират и кон периферните делови од градот. Секое олеснување во сообраќајот на градо му дарува помало загадување.

3. Шахтите по страна

Дваесетина метри возење па труц…труц… Чувствувате како ви пропаѓаат тркалата во шахтите кои се под нивото на асфалтот. Среќа што на некои капаците се уште се цврсти па нема потешки последици со скрешени тркала, полуосовини… Сепак, овој проблем кој ги нервира скопските возачи треба да се надмине. Јас би вовела пракса шахтите да бидат по страна, до ивицата на коловозот, а не по средина. На тој начин, кога веќе на шите градежници не можат да ги направат рамни со асфалтот, барем помалку ќе пречат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top