| четврток, 6 декември 2018 |

Швајцарската амбасадорка во посета на Министерството за култура

Министерот за култура Асаф Адеми денеска се сретна со амбасадорката на Швајцарија во Република Македонија, Сибил Зутер Техада, информираат од Министерството.

На средбата биле разменети информации за досегашната соработка на двете држави во областа на културата. Истовремено, министерот Адеми ја информирал швајцарската амбасадорка дека Министерството за култура е заинтересирано за продлабочување и интензивирање на културната соработка со Швајцарската Конфедерација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top