| четврток, 6 декември 2018 |

Се подготвуваме за детската „Евровизија 2018“, Марија со беспрекорна креација

Со песната „Дома”, 13-годишната Марија Спасовска од Скопје, ќе ја претставува Македонија на детската „Евровизија 2018″ што е закажана за 25 ноември во Минск, Белорусија.

Песната испраќа топла и хумана порака до сите деца во светот, со музика и аранжман на Дарко Димитров, текстот е на Елена Ристеска и Дарко Димитров, а костимографијата за спотот е на нашиот етаблиран моден бренд Елена Лука, која до сега во повеќе наврати ја дизајнирала сценската костимографија на нашите претставници за Избор на песна за Евровизија, вклучувајќи ја и детската Евровизија.

-Сцената секогаш бара беспрекорен визуелен ефект, за да се заокружи комплетната приказна. Токму затоа посветуваме исклучително внимание на секој детаљ од сценската костимографија, независно дали се работи за видео запис или изведба на сцена. Овој пат за нашата драга Марија, која годинава ќе нè претставува на детската Евровизија во Минск, дизајниравме комплетна костимографија за спотот за песната „Дома” која има една исклучително топла приказна и за која е од суштинско значење да допре до сите деца. Затоа, костимографијата е еден од клучните сегменти за вистински да се доживее приказната. Деталите сè уште нема да ги откриваме, затоа ќе почекаме и официјално да биде објавен спотот деновиве, вели Елена Пандева, сопственичка и генерален менаџер на модниот бренд Елена Лука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top