| четврток, 6 декември 2018 |

Го искористи ли Заев 27 април со монтиран случај да си создаде џокер во ракав?!!

Го искористи ли премиерот Зоран Заев бунтот на народот на 27 април за да создаде џокер, кој ќе го чува во ракав и ќе го употреби кога тлото под нозе ќе почне да му се руши? Покажа ли сега Заев дека 27 април, за кој се осомничени и притворени многумина граѓани, пратеници, уметници, е конструиран за да биде уупотребен кога ќе загусти, како на пример денеска?! Ова се главните прашања кои кружат на социјалните мрежи откако денеска од говорница во Собрание, Заев повика на помирување за настаните од 27 април. Говорејќи за настаните во Собранието од 27 април, рече дека „дојде време да им кажеме „стоп“ на поделбите, еве шанса да си простиме“.

Дали Заев нуди амнестија за 27 април?

Тој испрати порака за, како што рече, „да си простиме и да се помириме“, додавајќи дека е спремен да ја понесе политичката одговорност за пружената рака на простување на настаните од 27 април лани.

За 27 април осомничени се пратеници, меѓу кои  Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Љупчо Димовски. Покрај пратениците, осомничени се и Митко Чавков, директорот на Бирото за јавна безбедност и раководителот на Оперативниот штаб на МВР за време на организираниот напад на Собранието на 27 април, организаторите на протестите „За заедничка Македонија“ Игор Дурловски, Борис Дамовски и Богдан Илиевски, и десетина припадници на МВР. Се правеше фарса околу нивното приведување, се држеа во притвор, некои се уште се таму. Се направи помпа, се обвинуваат за тероризам, се омаловажуваа, си поигруваа со нивните судбини и сега Заев од говорница зборува за помирување. Сега, кога граѓаните кажаа „НЕ“ на референдум и откако очигледно не обезбеди дветретини од пратениците за да ги поддржат измените во Уставот кои че создадат терен за спроведување на Договорот со Грција, Заев го вади џокерот од ракав и нуди помирување, односно амнестирање. Очигледно Заев ќе направи СЕ за да ја заокружи целта на неговото носење на власт.

Се врти ли Заев како сончоглед по сонце?!

Тој со овој потег само им потврди дека биле во право оние кои се сомневаа дека се работи за монтиран и исполитизиран процес.

Дека е несериозно, па дури и очајно ваквото однесување на Заев, искоментира и новинарката Јорданка Ивановска Јоци, која напиша:

За греота. О Ч А Ј !!
Со месеци обвинуваше дека опозицијата му бара амнестија за 27 април, удави со тоа на 432 прес конференции, а сега сам јавно си понуди.
Поточно си ги откри намерите. Дека е подготвен на пратениците вмровци да им понуди закон, ако му се приклонат и гласаат за уставни измени.

За два дена и на Груевски ќе му понуди, како тргнал.
Море на сите, само да нема избори.

На социјалните мрежи се коментира за ваквата игра на Заев.

-Државата не е струмичкиот Глобал (се срамам сама од себе што се ,,тепав” во тоа време пред судот, за амнестираниот кој сега на други нуди амнестија). Полека, има време и за амнестија, но не од оваа власт. Подршка до сите пратеници кои стојат цврсто на браникот на државата и подршка на сите неправедно осудени за тероризам. Ќе дојде „силно светнал ден” – стои во еден коментар.

ВМРО-ДПМНЕ неодамна посочи дека Јавното обвинителство мора да се тргне од прегратките на Заев и од криминалниот клан и конечно да почне да си ја врши функцијата за која што е овластено, а тоа е гонење на криминалот. Денешната изјава на Заев од говорницата на некој начин потврди дека Обвинителството работи во интерес и според потребите на СДСМ и Заев за спроведување на политиката која ја ветиле по цена да дојдат на власт.

-Затоа Република Македонија мора да има Јавен обвинител кој што ќе биде кредибилен да ги истражи сите овие случаи и обвинувања, за да можат граѓаните да веруваат на институцијата и тоа што ќе излезе од таму, навистина да се верува дека е така – посочија од ВМРО-ДПМНЕ искажувајќи го незадоволството од работењето на ЈО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top