| четврток, 6 декември 2018 |

Данев: Зошто пропадна предлогот „Илинденска Македонија“?

Драги Данев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, денеска во Собранието рече дека кога станувал пратеник бил свесен дека проблемот со Грција може да дојде на дневен ред во парламентот и уште тогаш бил решен дека не може 120 луѓе пратеници да одлучуваат за сите граѓани, за нивните претци и поколенија.

– Бев свесен дека тоа мора да оди на референдумот, а ние да ја почитуваме волјата на народот. Волјата на граѓаните е јасна, референдумот не беше успешен и немам волја да гласам спротовно на тоа. Ако успеевте да ја внесете државата во ЕУ и НАТО под привремената референца, ќе ве поддржевме. Зошто не вклучивте експерти од опозицијата, зошто не побаравте консензус пред да го потпишете Договорот, зошто пропадна предлогот „Илинденска Македонија“ – праша Данев

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top