Завршила романсата меѓу музичката ѕвезда Аријана Гранде и актерот и комичар Пит Дејвидсон. Извор близок до Гранде и Дејвидсон за Си-ен-ен изјавил дека тие двајца се разделиле.
Дваесет и четиригодишната Гранде и нејзиниот врсник Дејвидсон се свршија по само неколку недели забавување, а четири месеци подоцна ја откажуваат свршувачката.
Аријана Гранде и Пит Дејвидсон својата врска ја започнаа неколку дена откако пејачката објави дека раскинала со раперот Мек Милер. Врската ја потврдија на Снепчет на 30 мај и се преселија во заеднички стан.
Сега, за разделбата на двојката, различни медиуми излегуваат со различни верзии. Некои од нив, повикувајќи се на неименувани извори, објавуваат дека „едноставно не било вистинско време нивната врска да продолжи“ и дека Аријана поминува низ тежок период, посебно по смртта на нејзиното поранешно момче Мек Милер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст