| четврток, 6 декември 2018 |

Самка на грчки се заблагодари за Северна Македонија

Пратеникот од владеачко мнозинство, Самка Ибраимоски денеска од говорница на Собранието на Македонија на грчки јазик се заблагодари на Грција што составиле вака добар договор. На седницата за уставни измени, поранешниот пратеник, па министер и повторно пратеник, Ибраимоскиистакна дека кога проблемот не бил решен со години, морало некој да го реши проблемот за да бидеме членка на ЕУ и НАТО.

  • Васкопулос вели подобар договор не можел да се направи, ова е идеален одговор. Ве молам Димовски во името на граѓаните и мојата најсиромашна заедница да ја донесеме важната одлука – изјави Ибраимоски.

Пратеникот Самка за крај рече „Благодарам” на Грција на грчки јазик.

Претходно Самка Ибраимоски на Комисиската расправа за уставните измени имаше исто така недолична изјава кога тој ексклузивно откри и како ќе се гласа ратификацијата на Договорот од Преспа во Парламентот на Грција.

  • Слушаме за Каменос немало да гласа во грчкиот парламент, тој ќе гласа и оро ќе игра, дајте за мир во куќа и ние да гласаме за уставните измени, за подобар живот на сите во Македонија – рече Ибраимовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top