| четврток, 6 декември 2018 |

Се врти ли Заев како сончоглед по сонце?!

Дали Зоран Заев оди спротивно на она што неговата партија го зборува еднаипол година?! Тој на денешната седница повика поделбите по партиска линија да завршат и испрати порака за помирување за настаните од 27 април.

– Испраќам порака за помирување и простување за настаните на 27 април, рече Заев пред пратениците.

По ова се јавија дел од неговите соработници. Демантираат дека сакал да каже амнестија за настаните туку целта му била да побара политичко помилување.

Не е првпат Заев да каже, сопартијците да го дообјаснуваат, корегираат, да го „перат“. Дали Заев дојде во ситуација да нуди амнестија по цена на глас за спроведување на Договорот со Грција, нешто што веројатно го ветил на странците, а не успеа да го протне.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top