| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбена обложувалница во Гостивар: Влегол вооружен, зел 150 илјади денари

Вооружен разбојник вчера извршил разбојништво во спортска обложувалница, лоцирана на улицата „Маршал Тито“ на градскиот плоштад во Гостивар.

Непознатиот, кој бил маскиран со шал и пиштол, му се заканил на вработениот и побарал да му ги даде сите пари од сефот. Тој му дал околу 150 илјади денари. Разбојникот потоа ги ставил во торбичка и избегал од обложувалницата.

Извршен е комплетен увид и се работи на откривање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top