| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжува истрагата: Три гола се сомнителни на мечот ПСЖ – Црвена Звезда

Во француските медиуми објавени се нови детали од скандалот кој го потресе дуелот помеѓу ПСЖ и Црвена Звезда во Лигата на шампиони, во кој наводно три гола биле сомнителни.

Досега се шпекулираше дека некој од управата на српскиот шампион сакал да уплати пет милиони евра на пораз на Ц. Звезда со пет голови разлика. Француски „Л’Екип“ пишува дека за тоа е известена УЕФА, односно дека нејзините надлежни органи кои го истражуваат целиот случај наскоро ќе соопштат дали ќе има некаква казна.

Наводно, сомнителните голови биле постигнати во 22, 37 и 70. минута од дуелот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top