| четврток, 6 декември 2018 |

Светска Банка за Македонија: Слаба економија, здравство и образование

Рангирани се 157 земји учеснички во однос на образованието, вештините и здравствените резултати меѓу нивните граѓани

Во текстот на „Emerging Europe“ се вели дека во Македонија се работи лошо.

-Вредноста на македонскиот индекс, особено вредноста на образовните индикатори е повик за итно дејствување. Се чини дека реформите досега не го трансформираа образовниот систем доволно за да помогнат најголемиот дел од студентите да постигнат барем основни компетенции, изјавил Марко Мантованели, менаџерот на Светската банка за Македонија.

Лидер на оваа листа е Словенија, додека пак на второто е Чешка со резулатат 0,78 , Србија има 0,76 , Естонија и Полска 0, 75 , 0,72 Хрватска и Латвија, Литванија е со 0,71 , додека пак Унгарија е со 0,70. Сите други земји се под 0,70.

Подобар резултат од Македонија имаат Косово, Грузија, Босна и Херцеговина, Ерменија, Азербејџан и сите други земји во развој во Европа на оваа листа на Светската банка.

Инаку, самиот Мантованели спомена дека најголемиот проблем во Македонија во овој момент е образованието, ниту еден македонски универзитет не е меѓу првите 1.000 на Шангајската листа.

До наполнети 18 години, децата во Македонија имаат 4,4 години јаз во образованието. Од предучилишно, основно и средно образование, тие во просек поминуваат 11,2 години, но кога годините ќе се прилагодат според квалитетот на наученото тоа е еднакво на 6,8 години образование. Ова се податоците од најновото истражување на Светска банка за Индексот на човечкиот капитал (ИЧК) на Македонија, кој е понизок од просекот на регионот. Индексот покажува и дека учениците од Македонија достигаат резултат од 382 на усогласените тестирања на кои 300 претставува минимално, а 625 претставува напредно постигнување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top