| четврток, 6 декември 2018 |

Тешко повредено 14-годишно момче

Вчера околу 14.00 часот на улица ,,Стамен Манов“ во Кочани, Б.Р.(34) од Кочани, управувајќи патничко возило ,,фолксваген туарег“ со скопски регистарски таблици, удрил во 14-годишно момче.

Од ударот момчето се здобило со тешки телесни повреди, по што било пренесено во Клиничката болница во Штип. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top