| четврток, 6 декември 2018 |

Во Канада се подготвуваат за историска легализација на канабисот

Во Канада се спроведуваат последни подготовки по повод усвојување закон за легализација на канабис, а на провинциите им е оставено до среда да утврдат правни детали за неговото спроведување.

– Со тоа, Канада ќе стане втора држава во светот што ќе легализира канабис, а нејзиното искуство одблизу ќе го следи Западот – најави либералниот премиер Џастин Трудо.

Локални медиуми јавуваат дека во одделни покраини легализацијата логистички можеби ќе создаде многу проблеми.

Канаѓаните во иднина ќе може да одгледуваат, поседуваат и конзумираат марихуана во рекреативни цели.

Пред пет години Уругвај стана прва држава во светот што легализира канабис.

Деривати како производи за конзумирање, козметика и електронски цигари што содржат канабис нема да бидат легални до 2019 година.

Се очекува тој потег на економијата да и генерира од 816 милиони до 1,1 милијарда долари во четвртиот квартал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top