| четврток, 6 декември 2018 |

Убиена жена, ранет таксист во тетовска Речица

Локалните медиуми известуват дека вечерва во селото Речица, Тетово, се случило убиство. Мотивите и извршителот се уште се непознати, но се сомнева дека семејна кавга е причината за убиството.
Неофицијално се случило убиство и обид за убиство. Средовечен човек вечерва ја убил својата сопруга во куќата на нејзиниот татко, а потоа излегол и пукал во таксист со намера да го убие.

Таксистот е повреден и е префрлен во болница. Жената е убиена со два куршуми, а убиецот е во бегство и се уште е вооружен.

Полицијата излезе на теренот и работи на расчистување на случајот, додека сообраќајот во овој дел е забранет. Се очекува официјална информација од тетовскта полиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top