| четврток, 6 декември 2018 |

Бираги ја израдува Италија, Полска е првиот тим кој падна ранг подолу во Лигата на нации

Репрезентациите на Полска и Италија денеска одиграа меч кој не смеаја да го загубат бидејќи поразениот тим ќе останеше закован на дното на табелата во Групата 3 и тоа ќе значеше преселба во Лигата Б во следното издание на Лигата на нации.

Притисокот особено беше врз Италија, а „Аѕурите“ никако да влезат во ритам откако Роберто Манчини седна на кормилото по елиминацијата од Шведска во баражот за мундијалот во Русија, и веќе пет меча не знаеја за победа.

Италија сепак одигра на потребното ниво, беше подобар противник и се радуваше на победа со гол во 92. минута. По еден корнер, Лазања префли на подалечната статива каде Бираги осамен ја смести топката во мрежата за голема радост.

„Аѕурите“ мораа многу порано да ги осигураат трите бода, два пати ја погодија рамката од голот, а имаа и уште неколку одлични шанси. Полска иако во поголемиот дел од мечот беше во подредена улога, имаше свои прилики благодарејќи на грешките во одбраната на Италија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top