| четврток, 6 декември 2018 |

Не е проблем да се организираат предвремени избори, избирачкиот список е чист

– Не е проблем да се организираат предвремени парламентарни избори, списокот е чист. Тоа што од различни побуди, политички пред сѐ од различни фактори, сакаат да наметнат слика дека избирачкиот список не е прочистен не е точно, вели во интервју за Инфомакс, претседателот на ДИК, Оливер Деркоски.

– Се поистоветува често бројот на жители во државата со бројот на гласачи, што е сосема различно да се разбереме. Значи, не може да биде исто избирачки список и број на жители, затоа што согласно законот вие добивате право на глас кога се стекнувате со македонско државјанство и наполнувате 18 години, односно сте полнолетен граѓанин, вели Деркоски.

Според податоците на МВР во Македонија се издадени над 2.465.000 државјанства досега, а кога од тој број ќе се минусира бројот на малолетни граѓани, се добива бројката од 1.800.000 граѓани со право на глас, објаснува Деркоски, и додава дека со бројката се манипулира од политички побуди зависно од тоа на кој политички фактор како што му одговара.

За крајот заклучува дека избирачкиот список е во ред, нема ниту фантоми, ниту било какви гласачи освен граѓани на Р.Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top