| четврток, 6 декември 2018 |

Им оставила аманет: Камен по камен, 11 години двајца браќа граделе црква во Прилеп

После 11 години секојдневна работа, денеска се оствари сонот на браќата Никола и Љубе Спиркоски од Прилеп. Се освети манастирот „Покров на Пресвета Богородица“ во близина на Прилеп кој тие двајцата со мала помош од други лица го граделе буквално секој ден, 11 години, тула по тула, камен по камен, со свои средства и дел донации од жителите и неколку фирми. Манастирот започнала да го гради нивна братучеда во 2002 година, а во 2007 им го предале аманетот кој и дошол на сон.

„Имаме ние тука лозја и на сон и дошло под вашето лозје да се изгради црква. Се чувствуваме денеска одлично. Да се направи целото ова здание што го гледате само со 4 раце не е лесно. Цигла во цигла е качувано, ѓерамида по ѓерамида, по скали на раце е кревано се, со јажина носено“, вели Никола Спиркоски, градител на манастирот.

Погледнете ја сторијата на телевзија Сител

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top