| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ четврти пат најдобар во Кина

Mладиот хрватски тенисер Борна Чориќ не успеа да го освои првото место во Шангај каде во рамките на АТП Мастерсот Новак Ѓоковиќ со 2-0 стигна до нов трофеј.

Во меч во кој Србинот доминираше, 21-годишниот Чориќ успеа да освои вкупно 7 гема и да го признае третиот пораз во дуелите со Новак Ѓоковиќ иако вечно ќе се сеќава на овој турнир каде успеа да го елиминира славниот Швајцарец Роже Федерер.

За победникот Ѓоковиќ ова е 32-ра Мастерс титула со што се доближи на само една до рекордот на Рафаел Надал.

Неговиот противник Борна Чориќ го играше своето прво Мастерс финале што ќе му донесе пласман на реккордното 13-то место на АТП листата и отворени врати да се искачи кон ТОП 10 најдобри светски тенисери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top