| четврток, 6 декември 2018 |

Овие модрици не се од ќотек: Бев шокирана, сакав само да го заштитам моето бебе

Младата мајка Фиона Симпсон објави фотографии од повредите што ги претрпе додека се обидуваше да ја заштити својата ќерка од ударот на град голем колку тениски топчиња.

Додека возела во Квинсленд, Австралија со своето бебе и баба, 150 километри од Бризбејн, ја зафатила бура. Големиот град ја уништил шофершајбната, а во страв за безбедноста на детето, Фиона застанала пред детето како човечки штит.

По посетата во болницата објави фотографии на Фејсбук од потечени и повредени грб и раменици.

– Денес научив лекција, никогаш не треба да возам кога надвор има невреме. Бев шокирана колку бргу почна се. Грбот, рацете и главата ми се со многу повреди, но полесно е за мене кога знам дека мојата ќерка и баба ми се добри, заклучи Фиона, прашувајќи ги пријателите дали знаат кој крем може да и помогне за болка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top