„Независниот“ аналитичар Петар Арсовски денеска се брифирал за веројатно нова анализа на договорот со Грција. Брифингот се одвивал во кафеаната Скопски Мерак, а друштво на маса му прави актуелниот министер за надворешни работи Никола Димитров.
Имено во изминатиов месец и половина пред и после референдумот за промена на името на државата, со прифаќање на Договорот од Преспа, Арсовски беше еден од најжестоките поддржувачи на договорот и редовно се пењавеше по медиумите бранејќи го истиот. На многумина не им беше јасно зошто Арсовски играше all in кога се работи за промената на името, но сега е повеќе од очигледна врската која наводниот независен аналитичар ја има со министерот кој го потшиша договорот за промена на името – објави Инфомакс, кој ги објави и фотографиите од аналитичарот и министерот.
Инфомакс во текстот запраша – нејасно е само колкава сума на пари добил Арсовски за целата оваа операција и пропагандна машинерија за која работи, а со цел прифаќање на промена на македонското име, јазик, идентитет и историја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст