| четврток, 6 декември 2018 |

Бандите се пресметуваат, полицијата собира чаури, граѓаните во страв

Полицијата покажува немоќ пред ликвидациите со потпис. 15 дена нема осомничени за двојното убиство на Рузвелтова, кога со калашников беа убиени Наим Ајети – Беланоца и Антонио Парапулов алијас Тозо, а 19 годишник беше тешко повреден.

Неколку убиства и напади со автоматски пушки со случија изминатиов период кои потсетуваат на класична мафијашка пресметка но, сите се без разрешница. Подземјето се почесто меѓусебно си ги решава проблемите и нерасчистените сметки, излегувајќи на мегдан низ улиците во градот. Оние што треба да ги спречат се појавуваат подоцна да ги соберат испуканите чаури и да почнат со истрагата.

За крвавиот напад на Рузвелтова, иако од МВР убедуваат дека се блиску до разрешница на случајот, и по 15 дена од дивеењето со автоматска пушка во строгиот центар на Скопје, нема уапсени, а ниту полицијата, ниту обвинителството утврдиле идентитет на оние кои се возеле во зелениот џип ленд ровер од каде беше пукано кон Ајети и Парапулов. Од МВР знаат, дека во прашање е пресметка меѓу криминални групи што оперираат во Скопје. Мотивот најверојатно е борба за превласт со продажба на дрога, оружје , трговија со луѓе или кражба на скапи автомобили. Кога некоја од ривалските банди ќе се вмеша во бизнисот на друга или ќе се обиде да влезе на туѓа територија, тогаш резултатот е налик на овој на Рузвелтова. Бандите ја штитат својата област и од ривалите, и од полицијата, на сметка на безбедноста на граѓаните.

Извор: Алфа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top